Стартува годинашното моторели „Македонија 2008“
Под покровителство на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, по повод независноста на Република Македонија, од денеска до 8-ми овој месец ќе се одржува традиционалното меѓународно моторели „Македонија 2008“.

Учесниците на релито денеска ќе тргнат од плоштадот „Македонија“ во Скопје, а во наредните три дена ќе се вози на релациите: Скопје-Дојран, Дојран-Охрид, Охрид-Скопје.
На моторелито се очекува да учествуваат 250 домашни и 80 странски мотоциклисти од земјава, кои ќе ги презентираат начините за безбедно управување со мотоцикли и со тоа ќе ја демонстрираат безбедноста во сообраќајот.
Според организаторите овогодинешното моторели ќе биде искористено за едукација насочена кон подигањето на безбедноста на учеството во сообраќајот на две тркала.
Моторелито го подржува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Македонија, во рамки на својата годинешна кампања „Безбедно на мотор 2008“.
На моторелито ќе бидат поделени печатени материјали на кои ќе бидат презентирани препораки за безбедно управување со мотоциклите, летоци со содржина за давање прва помош при незгода со мотоцикли, а ќе подели и флуоресцентни траки за ноќно возење.
Рута на Мото рели Македонија 2008
Ден – 1 06.09.2008
Скопје – Куманово – Страцин – Кратово – Пробиштип – Крупиште – Кочани – Македонска Каменица – Делчево – Пехчево – Берово – Струмица – Дојран
Ден – 2 07.09.2008
Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола – Ресен – Галичица – Охрид
Ден – 3 08.09.2008
Охрид – Струга – Дебар – Маврово – Гостивар – Тетово – Скопје