Skip to main content

Најмладите од струшките градинки станаа подмладок на Црвен крст

Струшкиот црвен крст ширум ги отвора вратите за сите хумани луѓе.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
градинка

gradinkaСтрушкиот црвен крст ширум ги отвора вратите за сите хумани луѓе. Дел од големото семејство е и Даниела Белеска, идна медицинска сестра, средношколка во прва година, која е  волонтер на струшката организација на Црвениот крст. Таа веќе  три години е во оваа невладина организација. За прв пат се вклучила како седмооделенка во 2007 година и била дел од големата кампања за помош на децата без родители. Сега своето искуство и знаење  им го пренесува на помладите од неа.

Дечињата кои ја посетуваат  детската градинка Пеперутка во Струга, Стефан, Матеја, Зоја, на возраст од 3 до 6 години, станаа подмладкари на Црвен крст. Најмладите денес добија членски книшки на најголемата светска хуманитарна организација од нивниот град и дознаа како помага Црвениот крст.

dete


Вратите на двете струшки градинки Сонце и Пеперутка беа ширум отворени за волонтерите на Црвениот крст. Со активноста беа опфатени околу 280 деца кои од најмала возраст ќе научат да помагаат и да бидат хумани рече директорот на градинката Симонка Јаканоска.

Децата од струшките градинки за прв пат добиваат членски книшки и стануваат подмладкари на Црвениот крст, но соработката со органзиацијата ќе продолжи и понатака истакнува директорката Јаканоска. Струшките градинки  и досега се вклучувала во хуманитарните активности на Црвениот крст. Активно соработувале  во кампањите за помош на ранливата категорија граѓани подарувајќи храна, облека и играчки.

{loadposition content9}