Денес во Скопје, Македонија Шкотска
Македонија против Шкотска ги почнува квалификациите за пласман на Мундијалот во Јужна Африка.
Фудбалската селекција на Македонија попладне со натпреварот против Шкотска на Градскиот стадион во Скопје го почнува квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Јужноафриканската Република во 2010 година.
Македонија е во деветата европска квалификациска група во која покрај Шкотска, се и Холандија, Норвешка и Исланд.
За „црвено-жолтите“ ова ќе бидат вкупно седми, а втори под водство на селекторот Среќко Катанец, квалификации за настап на светски или европски првенства. Во сите претходни Македонија не успеа да се избори пласман.
Денешниот противник на македонската селекција, Шкотска, во моментов е рангирана на 16 место на листата на ФИФА, а досега има осум настапи на завршните борби на светските првенства и два на европските шампионати.
За натпреварот Македонија – Шкотска во Скопје дојдоа околу три илјади шкотски фанови. Најголемиот дел од нив, мечот, сепак, ќе го следат преку малите екрани во некои од скопските кафулиња бидејќи ФФМ за шкотските навивачи на Градскиот стадион резервира 1000 влезници.
Натпреварот Македонија – Шкотска понува во 15 часот, а директно ќе го пренесува ТВ Сител.
Очекувани состави на двете селекции:
Македонија – Милошевски, Новевски, Седлоски, Митрески, Лазаревски, Петров, Шумуликоски, Гроздановски, Пандев, Мазнов, Наумоски . Селектор: Среќко Катанец.
Шкотска – Гордон (Мекгрегор), Александер, Нејсмит, Мекманус, Колдвел, Браун, Флечер, Хартли, Милер, Мекфаден, Робсон (Мелони). Селектор: Џорџ Барли.
Главен судија на натпреварот е Павел Краловец од Чешка.
Квалификциите за Мундијалот во Јужна Африка, македонската селекција ги продолжува веќе в среда, повторно во Скопје, против најголемиот фаворит во групата и една од насилните национални репрезентации – Холандија.
Во Европа вечер стартуваат и натпреварите во сите квалификациски групи.
Во групата 9, покрај Македонија –Шкотска, играат и Норвешка и Исланд.
Во групата 1 се состануваат Унгарија – Данска, Малта – Португалија, Албанија – Шведска.
Група 2: Молдавија – Летонија, Израел – Швајцарија, Луксембург – Грција.
Група 3: Полска – Словенија, Словачка – Северна Ирска.
Група 4: Велс – Азербејџан, Лихтенштајн – Германија.
Група 5: Ерменија – Турција, Белгија – Естонија, Шпанија – Босна и Херцеговина.
Група 6: Украина – Белорусија, Андора – Англија, Хрватска – Казахстан.
Група 7: Романија – Литва, Србија – Фарски Острови, Австрија – Франција.
Група 8: Грузија – Република Ирска, Кипар – Италија, Црна Гора – Бугарија.