Skip to main content

Охридското езеро зеде уште една жртва

Претпладнево околу 11 часот на плажата Галеб езерото исфрли тело на средновечна жена.

 |  Билјана Николовска  | 
galeb
Галеб плажа

Уште еден случај на давеник во Охридското езеро кај плажата Галеб Струга. Претпладнево околу 11 часот очевидци случајно забележале безживотно тело како плута на езерската  вода. Според првичните неофицијални информации станува збор за средновечна жена најверојатно жителка на Струга.
На терен се наоѓаат екипи на истражните органи за утврдување на причините и околностите под кои се случил немилиот настан.

Подетални информации за настанот во текот на денот на Портал на ТВМ и во Дневникот на ТелевизијА ТВМ во 17 часот.

{loadposition content9}