Обиколка на охридското крајбрежје, пешки
Хуманитарната организација „Помош на Македонија“, од Холандија денес отпочна обиколка на охридското крајбрежје, пешки. Тие тргнаа од Радожда утрово во 8 часот. Кон холанѓаните се приклучија и добар дел од радождани не само со придружба до Струга, туку и хуманитарно, со парични средства. Со нив на првата цел до Струга, пешачеше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и холандската амбасадорка Симеоне Филипини. Мерко рече дека го поздравува проектот на македонските и холандските граѓани и со задоволство се приклучил и тој. Додава, дека моментално е во добра кондиција и овој пат го изодил за два и пол часа.
Вакви проекти од локален карактер се од голема важност, потенцира Симеоне Филипини холандската амбасадорка. Таа наводенета од дождот вели дека кога се сака се се може, а холанѓаните умеат тоа добро и практично да го покажат.
Холанѓанките се подготвуваа за пешачење до Охрид. На влезот од градот ги пречекаа волонтерите на охридскиот Црвен крст. Тие веруваат во целта која си ја имаат поставено пред себе. Сметаат дека се што треба да направиш, е да почнеш од себе. Собраните средства од сите општини на Охридското крајбрежје вклучувајќи ги тука и дел од општините на албанскиот дел од езерото Поградец и Лин, ќе бидат употребени за реставрација на некој објект. Холанѓаните упатија и порака до македонците, старите градби добро да се чуваат и правилно реставрираат доколку сакаат да имаат гости, за да не се случи како во Шпанија која веќе воопшто не е примамлива дестинација посебно за холанѓаните, затоа што урбаниот хаос покрај природните раритети си го зел данокот.
{loadposition content9}