Skip to main content

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна.

 |   | 
kej
kej
Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна.

Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината.

Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните бранови.

granata

{loadposition content9}