Skip to main content

Израелски бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Охрид и Струга

Заменик директорот на агенцијата за промоција и развој на туризмот Сукловски кој постојано беше со гостите од Израел, вели дека бизнисмените биле презадоволни од она што им било понудено во Македонија.

 |  Татјана Маленкова  | 
biznis
бизнис

Vlado SukloskiИзраелски бизнисмени во посета на Македонија. Тие од петте дена колку што беа во земјава, два гостуваа во Охрид и Струга. На средбата, заменик  раководителот на Секторот за урбанизам од Охрид, на потенцијалните инвеститори им ги посочил локациите на кои е зацртана маркица за изградба на хотели. Бизнисмените ги посетиле атрактивните локации кај Трудбеник и Гранит, кај поранешната детска болница каде се предвидени две локации за изградба на хотели но покрај овие земјишта кои што се државни, потенцијалните бизнисмени посетиле и неколку приватни привлечни локации, после хотелот Застава, кои се вратени со Законот за денационализација.

„ Ги посетија локациите. Задоволни се, со оглед на позицијата и мислам дека ќе има успешно решение, се надевам дека ќе изградат барем еден хотел на локациите кои им беа понудени, ги видоа локациите кои им ги нуди државата за продажба, така што, од тоа што го видоа. и од мое лично мислење. се задоволни“, вели заменик директор на Дирекција за промоција и подршка на туризмот, Владо Суклоски.

Гостите од Израел покрај за изградба на хотели покажале интерес и за изградба на фабрика за преработка на отпад во дизел гориво, затоа што тие имаат лиценца за третирање на отпадот. Бизнисмените не оствариле средба со Градоначалникот на Охрид, поради негова презафатеност, но затоа пак градоначалникот на Струга Рамиз Мерко им дал огромна подршка и помош при избор на локација за изградба на оваа фабрика нудејќи им локации од целиот југозападен плански регион.

„ Начелно разговаравме, останува да се дефинираат работите. Барањата на господата ќе бидат дефинирани во Израел и ќе испратат mail до Министерставото за надворешни работи на Израел и се надеваат дека до тогаш ќе се дефинираат некои работи и ќе се потпишат договорите“, вели Суклоски.

Гостите од Израел биле заинтересирани и за изградба на Македонска национална населба. За таа цел побарале локации од околу 10 хектари на која според нивна визија би изградиле минијатури од најзначајните знаменитости од Македонија. Оваа населба вели Сукловски би се правела по теркот на оние во Шпанија, Франција Италија, кои на туристите им нудат да ја запознаат земјата во мало.

Заменик директорот на агенцијата за промоција и развој на туризмот Сукловски кој постојано беше со гостите од Израел, вели дека бизнисмените биле презадоволни од она што им било понудено во Македонија. Тој додава дека тие ветиле дека ќе направат се кога повторно ќе доаѓаат во февруари со нив да дојде и претставник на голема туроператор агенција кој што ќе помогне да се обноват чартер летовите од оваа земја кои беа прекинати во јуни.

{loadposition content9}