Почнува електронското пријавување за стипендии
Студентите кои се заинтересирани за стипендии од денеска до 12 декември ќе може да аплицираат за академската 2010/2011 година со пополнување на електронска пријава.
| | Македонија

Студентите по аплицирањето на интернет, од 16-ти до 29 декември во Министерството за образование и наука треба да ги достават сите потребни документи наведени во Конкурсот, заедно со идентификацискиот број за успешно пополнета електронска пријава. Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 25 јануари 2011 година на интернет-страницата http://mon.gov.mk.
Министерството за образование и наука од оваа година реши да ги укине студентските кредити поради тоа што, како што велат, студентите речиси никогаш не ги враќале парите од кредитот, и затоа МОН ќе доделува само стипендии. Се воведоа стипендии во три категории и тоа А категорија за талентирани студенти, Б за социјалните категории и В кои ќе се доделуваат според одредени критериуми.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, претходно информираше дека во една учебна година се планира да се одобруваат 200 стипендии за талентираните студенти во износ од 4.000 денари, илјада стипендии во износ од 3.000 денари за В категоријата, и 1.600 стипендии во износ од 2.500 денари наменети за студентите од социјалните категории.

{loadposition content9}