Словачка ќе и помага на Македонија за креирање на европска социјална политика
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и заменик министерот за труд, социјални работи и семејство од Словачка Владислав Борик ќе се обратат на воведната конференција на Твининг проектот „Преглед на националното трудово законодавство“, што ќе се одржи денеска во Скопје.

Преку твининг проектот кој се базира на функционално партнерство помеѓу земјата членка и земјата – кандидат, Словачка ќе и помага на Македонија, во градењето на новата социјална архитектура, услов за влез во европското семејство.
Преку овој проект треба да се спроведат 39 директиви од социјалната сфера, да се подобри капацитетот на Министерството во ревидирањето и примената на трудовото законодавство на земјата во согласнот со законодавството и најдобрите практики на ЕУ.
Проектот финансиски е поддржан од ЕУ која обезбеди половина милион евра за негова реализација, а со него ќе раководи Европската агенција за реконструкција во партнерство со ресорните министерства на Словачка и на Македонија.