Skip to main content

Џон Меккејн и Барак Обама со подеднакви шанси за победа

Кандидатите за претседател на САД од редовите на демократите Барак Обама и на републиканците Џон Маккејн со по 48 отсто доверба кај гласачите се израмнија по популарност во трката за Белата куќа, покажа социолошката анкета, нарачана од Си Ен Ен и неделникот “Тајм”.

 |  Крсте Голабовски  | 

Анкетата е спроведена од петокот до неделата, по оддржаната национална конвенција на републиканците. Во неа учествуваа 1.022 полнолетни американски гласачи.
Пред конвенцијата на републиканците Барак Обама водеше во популарноста кај Американците со 49 отсто поддршка од избирачите во однос на Маккејн кој имаше обезбедено 48 отсто поддршка.