Skip to main content

Париз домаќин на средбата на врвот ЕУ-Украина

Во Париз денеска ќе се одржи средба на високо ниво ЕУ-Украина, соопшти француското претседателство.

 |  Крсте Голабовски  | 
Во Париз денеска ќе се одржи средба на високо ниво ЕУ-Украина, соопшти француското претседателство.

Првично беше предвидено домаќин на форумот на биде туристичкото место Евиан на брегот на езерото Леман, но до промена дојде бидејќи посетата на францускиот претседател Никола Саркози на Москва и Тбилиси продолжи повеќе од очекуваното, се наведува во соопштението.

Се очекува на средбата на врвот на ЕУ да се разговара за продлабочување на врските со Украина и за перспективите за визни олеснувања за украинските државјани, кои сакаат да патуваат во земјите на Унијата. На овој состанок нема да и се ветува членство на Украина во ЕУ. Според аналитичарите претпазливоста на 27-те земји-членки се зголеми откако минатата недела владејачката коалиција на премиерката Јулија Тимошенко се распадна и земјата ја зафати нова политичка криза.
Се очекува околу пладне, Саркози, чија земја претседава со ЕУ, да го прими во Елисејската палата украинскиот претседател Виктор Јушченко.