Шлумберже, Валеро, Жан, Клод…Ван Дам !?
Учи синко да станеш овчар… не фаќај книга и ќе работиш во државна администрација.
Голем гаф на јавната администрација вработена во Министерството за животна средина и просторно планирање. Вчера до нашата редакција пристигна факс од ова министерство во врска со денешата посета на Министерот Јакупи и францускиот амбасадор во земјава, во врска проектот „Учиме за ЕУ“. Во факсот беше најавена посетата на амбасадрот Бернард Валеро, кој одамна не ја извршува оваа функција.
Случајно, (не дај боже) намерно, поради копи пејст грешка, или дефицит на информираност на вработените во ова министерство, најавениот Валеро, не се појави во Струга.
Сепак за нас не беше големо изненадување кога во Струга се појави актуелниот амбасадор на Франција во Република Македонија, Жан Клод-Шлумберже.
{loadposition content9}