Сработеното на дело
Во Струга одбележан меѓународниот ден на лицата со попреченост. Стручниот тим заедно со децата членови на организацијата „Порака нова“,по тој повод денес, го одржаа финалниот фестивал. Тие, преку игра, песна, слика и театарска уметност, докажаа дека кога се сака се се може. Претседателот на организацијата „Порака Нова“, Соња Маџоска кажа збор два околу подготовките за завршниот настап на лицата со попреченост.
Маџоска ја потенцира и големата важност на денешното одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост, од аспект на децата. Според неа премалку е во еден ден, да се покаже целото стекнато знаење на лицата со попреченост во рекреативениот центар.
Координаторот на проектот Анита Гаговска, сублимирано се осврна на процесот реализација на проектот „Дозволете да развиваме нови вештини“.
Од Порака Нова кажаа дека преку овој проект се подобрила соработката со Центарот за социјални грижи. Отаму додадоа дека на овој начин повеќе се доближиле до фирмите кои вработуваат лица со попреченост и го постигнале најважниот ефект, а тоа е да ги анимираат семејствата кои имаат член со попреченост. На финалниот фестивал присуствуваа повеќе истакнати личност од јавниот и општествениот живот на Струга , Вевчани и Охрид. Исто така пофални зборови за активностите на Порака Нова, искажа и претставникот од ЕУ, Шеф на Секторот за политичко –правни работи Роберт Лидел.
{loadposition content9}