Во Воска поплавени дворни места
И покрај градењето на речното корито на Грашница водат поплави неколку дворни места.
Грашница
Обилните дождови повторно допринесоа прелевање на Грашница, кај Воска. И покрај градењето на речното корито на Грашница водат поплави неколку дворни места. Останува најесно зошто започнатите работи останаа недоврешени и се дозволува жителите повторно да се соочат со истите можни проблеми како и лани.
Од Регионалниот Центар за управување со кризи информираат дека опасност од излевање на другите водни текови нема. Жителите од Орман и Лакочереј кои лани имаа проблеми со поплавите од речните корита сега може да се мирни. Единствено кај Волино, реката Сатеска е прелеана, и тоа на пониските точки од полето. Водата се прелева по старото корито на Сатеска кон Мороишта и се влева во Црн Дрим, информираат од регионалниот Центар за управување со кризи.

{loadposition content9}