Skip to main content

Нов ценовен шок ќе удри по џебот на граѓаните

Откако пред еден месец поскапеа речиси сите основни прехранбени производи, сега се очекува ново поскапување.

 |  Маја Савиќ  | 
mleko
млеко

Откако пред еден месец поскапеа речиси сите основни прехранбени производи, сега се очекува ново поскапување.

market

Прво на удар е маслото за јадење. Од вчера по маркетите тоа се продава по цена повисока за десетина проценти. Ако до сега се продаваше до 77 денари, сега цената достигна до 85 денари и за домашното и за увезеното. Производителите не гарантираат дека тука цената би се стабилизирала. Велат тоа го диктирале светските берзи, суровото масло било во голем пораст, затоа и тие ја покачуваат цената.

Трговците во ноември имале 2 до 3 пати корекции на цените, поскапување за неколку проценти.

На пример, ако млекото во септември се продаваше по цена од 41 денар, сега тоа чини 49 или 50 денари. Шеќерот е поскапен за околу десет денари, сега се продава по 49 денари. Најава за нивно намалување нема. Новите ценовни корекции бизнисмените го најавуваат и со најавите за поскапа електрична енергија од наредната година.

И државниот Завод за статистика забележа повисоки трошоци за живот. Најмногу зголемување има кај зеленчукот 6%, јајцата за 1,2% млечните производи за 1%. За еден месец просечно семејство троши околу 12.200 денари за да преживее.

{loadposition content9}