Во пожар, изгореа три куќи во Калишта
Мештаните на ова село не успеале да извлечат ништо од пламенте јазици, кои за нецел саат изгореле буквално се, без да може нешто да се спаси.
пожар
Изгореа три куќи во Калишта, струшко. Пожарот се случил синоќа околу 11 часот. За влакно куртулиле 10 те члена од домаќинствата на сега изгорените куќи од кои 2 деца. Пожарот го приметила братучетката на Ваљон Мимини, еден од сопствениците на изгорените куќи. Мимини со голема болка раскажува како се се случило за миг. Тој рече дека пламените јазици не само што ги оставиле без покрив на глава туку не им оставиле буквално ништо ниту облека ниту покуќнина.
Мимини рече дека секој ден во селото имало проблем околу напојувањето со електрична енергија па не ја исклучува можноста и тоа да е причина за пожарот.
Близок роднина на семејствата кои ги изгубија своите домови, Петрит Сејдфедини, вината ја фрли на Противпожарната служба која според него пристигнала неподготвена.
„Не само што неможеше да се спаси ништо од покуќнината, туку постоеше сериозен ризик пожарот да земе и уште поголеми размери„, вели Менди Аљуша. Тој додаде дека гледале како пламените јазици голтаат се, но биле немоќни да направат нешто поради струјата која не била исклучена.
Командирот на противпожарната единица во Струга Урим Каба, вели дека реагирале најбрзо што можеле. И неговите првични сознанија се дека пожарот се случил поради струен спој.
Членовите од семејствата на изгорените куќи живеат просечно и не лесно заработуваат за живот. Велат дека од една наставничка плата неможат да ја надоместат претрпената штета. Тие привремено ќе бидат сместени кај своите најблиски.

{loadposition content9}