Повторно одложен претресот за случајот во Струга
По втор пат, во основниот суд во Струга се одложи главниот претрес за една од поголемите трагедии што се случи на 11 ти септември годинава, во која од струен удар загинаа тројца видни луѓе од овој град.
Суд Струга
По втор пат, во основниот суд во Струга се одложи главниот претрес за една од поголемите трагедии што се случи на 11 ти септември годинава, во која од струен удар загинаа тројца видни луѓе од овој град. И денес на обвинителната клупа седнаа тројцата обвинети Вранишкоски Цвете, Миладиноски Климе и Јанески Гоце. Главниот претрес за овој случај го води судијата Живко Аврамоски. Во салата за судење повторно не се појави бранителот на првообвинетиот Вранишкоски, Ставре Џикоски поради негов ангажман во Скопје. Но причината заради која овој пат судијата Аврамоски го одложи главниот претрес е изјавата на бранителот Димитрија Цобоски кој го застапува Јанески Гоце. Имено, Цобоски рече дека неговиот клиент е во неможност да го следи претресот поради состојбата на неговиот татко кој вчера преживеал инфаркт и моментално е префрлен на одделението за коронографија во Кардиолошкиот центар во Охрид.
Укинување на куќниот притвор за тројцата осомничени, побара бранителот на Миладиноски Климе, Бесим Каба. Овој предлог не беше прифатен од страна на судијата Аврамоски, така што по само неколку минути главниот претрес беше презакажан за 3 јануари наредната година. Како што ТВМ од неофицијални извори дознава, семејствата на настраданите планирале да поднесат тужба против општина Струга, против ЕВН и против осомничените.
{loadposition content9}