Skip to main content

Одржан вториот Конгрес на Балканските Египќани

Сојузот на Балканските Египќани го одржа својот втор Конгрес. Египќаните сеуште се борат со предрасудите и стереотипите кои постојат кон оваа етничка заедница истакна претседателот на Сојузот Проф. Д-р Рубин Земон.

 |  Валентина Неловска  | 
Kongres
Конгрес
Сојузот на Балканските Египќани го одржа својот втор Конгрес. Египќаните сеуште се борат со предрасудите и стереотипите кои постојат кон оваа етничка заедница истакна претседателот на Сојузот Проф. Д-р Рубин Земон. Тој во своето обраќање рече Балканските Египќани на сите нивоа од најобичните општествени настани во секојдневниот живот, па се до највисоките меѓународни, владини и културни  случувања се борат со прилепената ознака на аутсајдери или како Роми. Претставниците од здруженијата на египќаните ги искажаа своите проблеми и очекувања од нивното формирање пред 12 години до денес. Ретроспективата на  временскиот период за  етничката заедница на Египќаните покажува дека постигнала успеси, но има и потфрлувања во планираните очекувања.
„Не успеавме да искористиме средства од европските предпристапни фондови наменти з аСојузот на Блаканскиет Египќани , но очекуваме со новите кадри тоа да се реши. Успех е пак тоа што Европската Комисија, ЕУ и САД  не споменуваат во нивните  извештаи и сме ги направиле свесни за проблемот на нивната општествена исклученост “, истакнува Земон.  
Египќаните во различни земји на Балканот имаат различни проблеми. Делегатот од Црна Гора, Мухамед   Уковиќ во своето обраќање искажа сериозна загриженост за состојбата со Египќаните во оваа земја. Тие се повеќе се асимилираат и претопуваат кон двете мнозински заедници, црногорската и албанската во зависност од мнозинството во градовите каде живеат укажува Укович. Објаснува дека 80 посто од Египќаните не се свесни за своите корени .

KongresВо Македонија и Албанија пак ситуацијата е нешто поинаква. Овие две држави водат игнорански однос кон Египќаните смета проф д-р Рубин Земон.
„Македонија не го менаџира проблемот со малцинствата, тој е стихиен. Во  Македонија се менаџираат само Македонците и Албанците, и понекои малцинства спомнати во Преамбулата на Уставот и тие уживаат некои права, другите кои не се спомнати во Преамбулата не уживаат колективни права“ истакнува Земон.   
Ситуацијата во Србија е подобра во однос на Македонија, Косово и Албанија. Државата дава големи можности за образование, информирање, култура и наука, но  Египќаните  се потполно некоординирани во искористувањето на сретствата за тие намени, беше истакнато на Конгресот. На вториот Конгрес на Сојузот на Балканските Египќани ќе бидат усвоени заклучоци и препораки кои ќе бидат пренесени до меѓународните институции на Балканот.




{loadposition content9}