75 отсто од Американците се неписмени за војска
Речиси четвртина од Американците, кои сакаат да пристапат во американската војска, не успеваат во тоа бидејќи не можат да го минат писмениот испит.
Истражувањето на „ Education Trust“ предизвика голема загриженост во САД, покажувајќи дека дури 23 отсто од младите луѓе немаат основно образование, што е потребно за пристапување во воените сили.
Американскиот министер за образование Арни Данкан вели дека податоците се загрижувачки.
-Заради лошиот американски систем на образование во опаснот е и нашата национална безбедност, изјави Данкан за американските медиуми.
Кандидатите паѓаат на тестови од математика, односно затоа што не знааат најдобро да читаат и пишуваат.
Податокот е особено загрижувачки кога ќе се земе во предвид дека станува збор за млади момчиња и девојки со завршено средно училиште, со оглед на фактот дека без средно образование не може да се стапи во редовите на војската.
{loadposition content9}