Skip to main content

Бериќетен период за струшките хотелиери

Почнувајќи од денес хотелските капацитети во оваа општина веќе  70 посто се исполнети, а за новогодишните и божиќните празници најавуват целосна реализација на плановите.

 |  Билјана Николовска  | 
хотел Дрим
hotel Drim
hotel drimНастапува плоден период за хотелиерите во Струга. Ручек под отворено небо на 1 јануари, пред хотелската плажа, е дел од понудата за новогодишните празници на хотелот „Дрим. Менаџерот по продажба Билјана Тодороска рече, дека денес, не постои недопрена точка во економијата од глобалната економска криза, вклучувајќи го тука и хотелиерството и угостителството. Таа додава дека и покрај тоа луѓето чуствуваат потреба за одбележување на празници за што и одвојуваат средства преку годината.
Голем предизвик е да се обезбеди поле за работа во хотелиерството во Струга, вели генералниот директор на Хотел „Дрим“. Крсте Блажески. Тој верува дека доаѓа подобро време за работа во туризмот и смета дека сите вложувња ќе им се исплатат.
Забавата на гостите е нераскинлив дел од понудата на хотелско угостителските капацитети . После долги години пауза и отсуство од шоу бизнисот, во Струга ќе настапи Цветанка Ласкова, која како што ни рече ќе понуди необичен репертоар.
Со добро друштво секогаш е весело, рече за крај Ласкова. Но, уште повесело е ако има добра исполнетост на капацитетите, барем според изјавите на неколку хотелско угостителски работници од овој крај. Во споредба со Струга, на само 14 км во соседниот град Охрид, хотелско угостителските работници на оваа општина со половина уста најавуваат извесен процент на исполнетост на капацитетите кој не е ниту половина од 100%.


{loadposition content9}