Skip to main content

Од Нова година во Рим ќе се наплатува такса за престој

Градските власти во Рим одлучија од 1 јануари да воведат такса за престој од едно до три евра за секој ден престој во италијанскиот главен град.

 |  Маја Савиќ  | 
Rim
Rim
RimГрадските власти во Рим одлучија од 1 јануари да воведат такса за престој од едно до три евра за секој ден престој во италијанскиот главен град.

Висината на таксата ќе зависи од категорија на хотел, апартман или камп и ќе им се наплатува не само на странски туку и на туристи од други италијански региони со тоа што ќе бидат изземени деца до десет години.

Во Рим годишно престојуваат околу 12 милиони туристи. Властите се убедени дека новата такса нема да ја намали заинтересираноста за „вечниот град“. Проценките се дека во градската каса ќе влезат годишно околу 80 милиони евра од кои пет отсто ќе се инвестираат во рекламирање на Рим.

{loadposition content9}