Skip to main content

Плодна година

Драстичен пораст на процентот на новороденчиња во Струга. Годинава што измина на струшкото одделение за гинекологија, бројот на новородени деца изнесува 900.

 |  Билјана Николовска  | 
bebe
bebe
bebeОдделението за гинекологија и акушерство од Струга, функционира како регионално. Посебно тоа е изразено од крај на месец август годинава, кога обемот на работа на ова одделение е зголемен дури за 100%. Началникот на ова одделение Др. Мухамед Асани, вели дека во сите сегменти од работењето во гинекологијата, бележат зголемени бројки, како на раѓања, контроли, прегледи така и на сите останати услуги кои што се во тој домен. Асани додава, дека позитивниот исход во справувањето со ваквиот тек на работа, е единствениот мотив да продолжат безрезервно да си ја извршуваат својата должност кон пациентите.
Потешкотии во работењето ни создаваат просторните услови, вели Асани. Тој потенцира дека во моментов располагаат со 24 легла, но дека со добра организација и кадровска екипираност успеваат да поврзат крај со крај. Асани се пофали со нова опрема која им ја дало Министерствот за здравство.
Родилките задоволни од условите и третманот кон нив на ова одделение. Велат дека докторите и останатиот медицински персонал се грижат за нив, а со тоа чинот на породување им го олеснуваат.
Во моментов на струшкото одделение за гинекологија работат 9 гинеколози од Струга, 4 од Охрид и 5 неонатолози. Пациентите воглавно се од Струга, Охрид и дел од Дебар. Началникот на гинекологија вели дека отворен е за сите пофалби и поплаки на пациентите и додава дека нема проблем кој неможе да се надмине.

{loadposition content9}