Нова рунда разговори за името
Во Њујорк денеска ќе биде одржана нова рунда македонско-грчки разговори за надминување на разликите околу употребата на уставното име на Република Македонија.

Медијаторот на ОН Метју Нимиц ќе има одделни средби со претставниците на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Адемантиос Василакис. Во македонската делегација е и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски. Не е исклучено да биде одржан и заеднички состанок на претставниците на двете земји, а разговорите да продолжат и в петок.
Засега нема официјална потврда за медиумските најави во Атина и во Скопје дека медијаторот Нимиц ќе излезе со нов предлог.
Таквата можност вчера не ја исклучија и претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.
„Не сум сигурен, но можно е Нимиц на средбата со претставниците на двете земји да изнесе конкретен предлог“, рече Црвенковски. Тој најави дека во таков случај државниот врв ќе треба да го анализара и да направи координација и усогласување околу ставот на Република Македонија.
И премиерот Груевски, како што рече, очекува дека можеби ќе има нови идеи, предлози.
„Оставивме простор преговарачите да бидат таму, да слушнат за што се работи, да не информираат и потоа да видиме што со тоа“, изјави Груевски.
Црвенковски и Груевски во пресрет на разговорите во Њујорк одржаа координативна средба на која се реафирмирани и прецизирани позициите на Македонија во однос на прашањето за името. Клучно, како што беше соопштено по состанокот на државното раководство, е зачување на идентитетот и достоинството на нацијата.
Грчките медиуми повторно ја актуелизираат можноста за средба на повисоко ниво – меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји Антонио Милошоски и Дора Бакојани, која би се одржала кон крајот на месецов во Њујорк.
Државната телевизија ЕРТ јави дека Бакојани вчера го информирала претседателот Каролос Папуљас за развојот на настаните во врска со спорот за името. Портпаролот на грчкото МНР Јоргос Кумуцакос изјавил дека Атина не очекува многу од денешната рунда разговори во Њујорк и оти нема простор за оптимизам поради, како што вели, неприфатливите барања на Скопје.