Прво па машко
Првото бебе на Охридско Струшки терен е приновата на Семејството Митрески од Лакочереј. Градоначалниците на Охрид и Струга денеска не ги посетија мајката е бебето, ветија дека ќе ги даруваат нахнадно.
Првото бебенце кое се роди утрово сеуште нема име, се надеваме дека неговото братче и сестриче сериозно размислуваат на ова прашање.
Инаку годинава мајката и бебето не ги посети ни еден од двајцата градоначалници.
Градоначалникот Александар Петрески вели дека без оглед на фактот што првото бебенце е од Охрид, сепак не е во ред тој да ги посети на Струшки терен. Вели дека се што го следува ова бебенце од локланата самоуправа нахнадно ќе му биде врачено во неговиот дом. Најави дека тој лично ќе ги посети најверојатно за големиот христијански празник Божиќ.
Што се однесува пак за Струшкиот градоначалник, тој за првото новороденче разбра од медуимите. И Мерко не се откажува од поклонот. Најави дека првото бебенце ќе го посети деновиве и дека во име на локланата самоуправа од Струга ќе му поклони штедна книшка со 10 000 денари.
{loadposition content9}