Skip to main content

Како измина најлудата ноќ

Најлудата ноќ, во нашиот град, измина без поголеми инциденти. Оваа ноќ беше релативно мирна со минимални интервенции од страна на општата болница, полицијата и противпожарната служба.

 |  Наташа Размоска  | 
pp
пп

Најлудата ноќ во нашиот град помина без поголеми инциденти. Од општата болница и службата за итна помош информираат дека оваа ноќ изминала без поголеми интервенции и проблеми. Немавме никакви поплаки, регистрирани беа неколку повици на кои веднаш беше реагирано, велат оттаму.
Од хируршкото одделение, информираат дека во текот на ноќта биле примени 5-6 лица. Дел од нив со помали повреди, а дел во алкохолизирана состојба. Сепак, потенцираат дека, оваа ноќ била релативно мирна.

И од  СВР Охрид со истиот став. Оттаму интервенирано е во два случаи. Портпаролот Стефан Димоски информира дека во двата случаи станува збор за помали расправии кои завршиле мирно. Исто така, регистрирана е и една сообраќајка. Истата се случила на делот каде улицата „ Абас Емин“ се поврзува со „Туристичка“. Причинета е незначителна материјална штета, а учесник е едно охридско такси. Сепак, оваа ноќ измина во знакот на помали инциденти и може да се каже дека беше релативно мирна, вели Димоски.

Од противпожарната служба информираат дека имало една интервенција околу 2 часот по полноќ на улицата „Абас Емин“, каде се запалил трансформатор, при што е причинета поголема материјална штета. И покрај оваа несреќа, од противпожарната служба велат дека новогодишна ноќ измина релативно мирно.

{loadposition content9}