Skip to main content

“Chanel 5” слави 90 години

Вечниот и незаменлив Шанел 5, кој Коко Шанел го опишувала како “парфем со мирис на жената”, оваа година го слави својот деведесетти роденден.

 |  Маја Савиќ  | 
chanel 5
chanel 5
Вечниот и незаменлив Шанел 5, кој Коко Шанел го опишувала како “парфем со мирис на жената”, оваа година го слави својот деведесетти роденден.
chanel 5
Славниот парфем настанал уште во далечната 1921 година, но и понатаму маѓепсува и восхитува. Испитувањата покажуваат дека тој на секои 55 секунди се купува во некој дел од светот.

Во своето долго постоење една од многуте вљубени кориснички на Шанел 5 била и холивудската дива Мерилин Монро, која ја потврдувала неговата магија секој пат кога заспивала “покриена само со него”, а своето лице на  неговите реклами го позајмувале најубавите жени во светот.

Омаж на легендарниот парфем ќе му оддаде и парискиот музеј Дорсеј. До 28 Јануари фасадата на музејот ќе ја краси шишенце на Шанел 5 во огромни размери, украсено со 1.200 кристали.

chanel 5Во времето кога бил создаден, Шанел 5 бил единствениот парфем кој пленувал со мешавина на 80 различни миризливи состојки, спакувани во елегантно шишенце, чиј дизајн останал речиси непроменет до сегашноста.

За својот парфем Коко Шанел го одбрала само најдоброто: ружа и јасмин од југот на Франција, “цветот над цветовите” од Филипини и многу други бесценети состојки.

Таа самата го нарекла Шанел 5 – име кое премина во легендите.

“Колекцијата ќе ја лансирам на петти мај, петтиот месец во годината и ќе оставиме да го носи бројот 5 кој ќе му биде среќен”, изјавила Коко Шанел после изборот на конечната смеса за парфемот, која воедно била и петтиот примерок од неколкуте развиени од нејзините вработени.

Прекрасната Одри Тату и елегантната Никол Кидман се само дел од убавиците чие лице стои како претставник на овој парфем во денешницата.


{loadposition content9}