Која песна ќе се пее во Диселдорф?
Дваесет песни и исто толку изведувачи ќе се натпреваруваат за билет до Диселдорф. На конкурсот што го организираше МРТВ, пристигнале 88 композиции, но по селекцијата биле одбрани 20, чиишто изведувачи се држат во тајност под шифра.
Во наредните неколку денови ќе следат средби со авторските тимови и избор на пејачите кои ќе ги изведуваат композициите. Македонија по ждрепката беше сместена во второто полуфинале, а македонскиот претставник ќе настапи на 12 мај. Првото полуфинале ќе се одржи на десетти мај, а големото финале на кое ќе се одлучи победникот ќе се одржи на 14 мај.
Фестивалот Скопје 2011, во организација на Македонската Радио Телевизија, ќе се одржи на 26-ти февруари 2011-та во Универзалната сала во Скопје со почеток од 20.30 часот.
Ова се насловите на песните и нивните шифри што ќе се натпреваруваат на „Скопје фест 2011“:
ШИФРА – Наслов на композицијата
Мир – Не се менува љубовта
Мравка – Лудост
Натан – Туѓа си
Што било – На крај
Вакум – Грешка
Rolex – Не ми требаш
бм_сјај_21 – Те краде тој
Санди – Лажам дека не боли
2mix – Параноја
Седумка – Секој ден
Шубара – Русинка
Зорица – Знаеш ли
Балкан – Остави политика појачај тон
Гајда – Рам там там
Пак – Секогаш некој вреди повеќе
Texas holdem – Коцкар
Божји патеки – Божји патеки
Арлекин – Нека е со помин
Нане – Во мојот свет имаш дом
Шифра 3 – Не враќај се
{loadposition content9}