Skip to main content

„Tамифлу“ ќе препишуваат и матичните лекари

Вака одлучило Министерството за здравство поради зголемениот број пациенти со симптоми на грип, па до матичните лекари веќе испратило писмено известување.

 |  Маја Савиќ  | 
tamiflu
tamiflu

tamifluАнтивирусниот лек „тамифлу“ освен на инфективните одделенија, ќе може да го препишуваат и матичните лекари. Вака одлучило Министерството за здравство поради зголемениот број пациенти со симптоми на грип, па до матичните лекари веќе испратило писмено известување. Со него лекарите се информираат дека лекот „тамифлу“ ќе може бесплатно да се препишува за пациенти со симптоми на грип, посебно на пациентите од ризичните групи, како што се дијабетичарите, срцевите болни и лица со други хронични заболувања. Лекот ќе биде дистрибуиран до аптеките во здравствените домови. Воедно, Министерството за здравство ги задолжува центрите за јавно здравје да поделат средства за дезинфекција и заштитна лична опрема во сите јавни здравствени установи. На училиштата и градинките им се препорачува да ги зајакнат санитарно-хигиенските мерки, со почеста дезинфекција на работните површини и проветрување на работните простории. Се бара будно да се следи и здравствената состојба на децата и тие што се заболени или со симптоми на грип да не посетуваат настава и да се јават кај матичен лекар.

А грипот и натаму е во пораст, но нема нова жртва. Состојбата на осумте тешките случаи што беа згрижени на Инфективната клиника е подобра, и од четворицата пациенти што имаа проблеми со дишењето, само еден е оставен на апарат за дишење. Едно дете со потешка клиничка слика има и на Детската клиника, каде што моментално се згрижени 11 деца. Во новата општа болница, поранешна Воена болница вчера има примено само еден заболен со грип, додека во Детската болница во Козле нема ниту едно дете со грип.

Досега во земјава се регистрирани околу 4.000 случаи на грип, од кои половината се регистрирани минатата недела, а останатите во текот на оваа недела.

{loadposition content9}