Жените се попривлечни во зима
Најновото истражување фрла ново светло на привлечноста меѓу половите. Откриено е дека на мажите, жените им се попривлечни и повозбудливи во текот на зимата. За време на истражувањето мажите оценувале фотографии од жени, а тоа го правеле во различни годишни времиња. Највисоки оценки им дале на жените во текот на есента и зимата.
Научниците сега веруваат дека годишните времиња имаат влијание на машкиот избор на партнерки, како и на степенот на изневерување кој што очигледно е повисок во ладните денови. Не постои лесно објаснување зошто е тоа така, но се смета дека е поради тоа што женските тела се покриени со облека во текот на зимата, па кога од време на време парче кожа ќе ѕирне, мажите се возбудуваат поради ефектот на изненадување.
Дали помалку е всушност повеќе и кога е во прашање облеката и привлечноста, секој треба да си процени сам. Мажите ја дадоа својата оцена.
{loadposition content9}