На добар пат, во надминување на разликите
„Плачат две деца, од бела и црна човечка раса. Тие иако се различни по бојата на кожата, солзите им се исти.“ Оваа реченица преземена од плакатот на мултиерничкиот проект „Разликите се наша предност“, кажува повеќе од се и ги буди сите човечки чуства.
мултиетницка соработка
Денес започна зимската мултиетничка школа на која учествуваат деца од различна етничка припадност.
Постојат повеќе бариери кои се пречка за надминување на разликите помеѓу различните мултиетнички групи. На ова тема веќе подолг период работат трите струшки здруженија „Езерка“, „Толеранца“ и „Пунте“. Тие деновиве се на заедничка работилница во Охрид каде ги финишираат работите околу проектот „Разликите се наша предност“. Децата се најдобра категорија со која може да се работи на подобрување на муѓучовечките односи и подобрување на комуникацијата меѓу нив, смета Проф. Др. Верица Стаменкова Трајкова, која редовно работи со децата од влашката, македонската и албанската популација. Таа смета дека социјализацијата е процес кој се спроведува од раѓање па се до крај на човечкиот живот.
Претседателот на Здружението „Езерка“, Драгица Попеска Павлеска, задоволна од досега сработеното. Таа реча дека проектот завршува на 20 март годинава, и верува дека стекнатите знаења од работилниците нема лесно да ги заборават децата учесници во проектот, но и тие како организатори со помош на УНДП.
Претставникот на здружението „Пунте“, Наум Дуноски, ја поздрави работата на мултиетничкиот проект. Тој смета дека за влашката популација недоволно се знае и дека треба да се работи на осознавање на суштинските нешта за нив.
Многу учиме од проектот и се што работиме е многу интересно сметаат децата учесници во проектот „Разликите се наша предност“.
Стекнатото искуство од овие работилници децата ќе го пренесуваат и понатаму. Заклучокот на психолозите е дека во денешно време децата се агенции на социјализација кај нивните родители. Децата преку интерактивните работилници стануваат свесни кои нешта треба да ги променат а кои да им ги пренесат на своите врсници .
{loadposition content9}