Забранетиот костим за пливање од „Speedo“ употребен во модата
Добро познатиот костим за капење „Speedo LZR“, пред да биде забранет за конкурентна употреба во професионалните пливачки дисциплини, сруши дури 91 рекорд. Големиот број златни медали кои ги освои американецот Мајкл Фелпс беа директно потпомогнати токму од овој костим. Сега, кога веќе не се употребува за компетитивни настани, група студенти од Лондонскиот колеџ за мода направи неколку неверојатни дизајни, со кои сакаат да и оддадат почит на кратката историја на костимот.
За сите нови дизајни се употребени инспирацијата и материјалите од стариот костим. Колку за потсетување, костимот беше забранет бидејќи го намалува триењето на пливачот низ водата, притоа овозможувајќи му земање повеќе кислород за околу 5 проценти. Исто така, во него телото зазема оптимална позиција, поради стабилизаторот кој е изграден во форма на корсет.
{loadposition content9}