Skip to main content

Сеќавање на Ангелот

25 јануари, во колективната меморија е датум кој асоцира на него! Човекот со голема душа, човекот со најубавата насмевка, човекот со поглед кој смирува, човекот – Ангел, нашиот Тоше Проески!

 |   | 
Toshe Proeski
Тоше Проески
25 јануари, во колективната меморија е датум кој асоцира на него! Човекот со голема душа, човекот со најубавата насмевка, човекот со поглед кој смирува, човекот – Ангел, нашиот Тоше Проески!
so ljubov od Toshe
Ако беше меѓу нас, денеска ќе го прославеше својот триесетти роденден, и веројатно веќе ќе ја имаше во свои раце светската слава, бројни концерти по светот… и ние со него ќе се радувавме.

Но, физичкото отсуство нема да не спречи да го одбележиме неговиот датум на раѓање, па затоа денеска во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи концертот насловен како “Со љубов од Тоше”, а ќе биде промовиран и истоимениот албум.
{hwdvideoshare}id=1187|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
Настанот е во организација на фондацијата “Тоше Проески”. Песната “Несаница”, во придружба на гудачки оркестар, ќе ја отпее Маја Оџаклиевска, “Цреша” во изведба на “Црвена јабука”, a “Волим осмјех твој”  ќе отпее Антонија Шола.

Словенецот Марко Возел ќе се претстави со “Моја”, а Бугарката Јоана со “The Hardest Thing”.

На сцената ќе се појават и Жељко Самарџиќ, Елена Ристеска, Мартин Вучиќ, “Златните славејчиња” и балетската група “Еурека”, а членовите на музичкиот кабинет од Крушево премиерно ќе ја испеат композицијата “Пасворд” на музика на Тоше, со стихови на Огнен Неделковски и аранжман на Валентино Скендеровски.

Водител на настанот ќе биде Сашко Коцев. Концертот ќе го емитуваат телевизија “Сител”, „Балканика“ од Бугарија, “Пинк” од Србија и “Хит ТВ” од Хрватска, чиј сопственик е композиторот и продуцент Мирослав Рус, со кого Тоше соработуваше.


{loadposition content9}