Сардисани дуќани
Два дуќани во струшкиот пазар сардисани од сите страни. Блокиран излогот на едниот, поставена ограда која другиот дуќан го дели од пазарскиот комплекс и реклама пред двата дуќани која не е ниту од едниот ниту од другиот дуќан.
дуќан
Наместо дуќан, добивме бункер. Ова е дел од сторијата на семејството Калајџиески кои години наназад работат во струшкиот пазар како сопственици на еснавски дуќани. Насте Калајџиески раскажа како започнал нивниот проблем. Според него, одкако Петко Кутаноски е назначен за директор на ЈП „Комунално“, неговиот живот се претворил во кошмар. Калајџиески вели дека на легално купени деловни простории во градското пазариште му е узурпиран пристапот до сендвичарата која е во негова сопственост, а додека пак на другиот дуќан во целост му е блокиран излогот. Тој додава дека секојдневно се соочува со бројни закани и уцени и смета дека некој намерно прави сценарио за да замине отука.
„Станавме деноноќни чуври на сопствените дуќани. Нема да дозволиме нова доградба до нас и по цена на животот“, вели сопругата на Насте, Светлана. Таа е очајна, рече дека сега е до гуша во кредити за да ги исплати дуќаните. Додаде оти неможе некој да си зема за право да си поигрува со судбината на 5 члено семејство.
Како виновник за проблемот со дуќаните на Калајџиески повикан е директорот на ЈП „Комунално“, Петко Кутаноски. Тој за ТВМ изјави, „Апосолутно неточни се сите обвинувања на моја адреса“. Кутаноски појаснува дека со самото негово доаѓање на функција во повеќе наврати го сослушал Наце во врска со објектите кои се наоѓаат во струшкиот пазар. Директорот рече, дека иако не знаејќи за каков човек се работи му поверувал и направил неколку чекори во негова полза. Тој тврди дека спорниот простор за доградба е по барање на Калајџиески.
Кутаноски со цел јавноста да има комплетна слика за проблемот, рече дека состојбата ескалирала кога Калајџиески почнал да го уценува ЈП. Тој побарал за половина од понудената цена да ја купи спорната доградба. Директорот дециден дека неможе да постапува спротивно на законот, додаде дека на струшкиот пазар сите имаат подеднакви права. Исто така Кутаноски рече, дека Калајџиески спорот го има изгубено во сите институции од државниот систем.
Како и да е проблем постои. Дали му е направена неправда на Калајџиески јавноста сама ќе процени. Но едно е сигурно, во време на тешка економска криза со која се соочуваме, трпението на народот е многу мало.
{loadposition content9}