Владата на Боливија прогласи воена состојба
Владата на Боливија синоќа прогласи воена состојба во една од петте области на земјата, каде со денови се случуваат крвави протести.
| Крсте Голабовски | Свет
Владата на Боливија синоќа прогласи воена состојба во една од петте области на земјата, каде со денови се случуваат крвави протести.
Властите соопштија дека досега има десетици убиени во немирите во северната област Пандо. Судирите се меѓу првирзаници на претседателот Ево Моралес и приврзаници на конзервативните локални гувернери кои се против социјалистичките реформи на Моралес.
Во указот за воената состојба се вели дека е забрането собирање на повеќе од три лица на едно место и оти сите кои носат оружје ќе бидат уапсени.