Бизнисот и власта, идеал за Рамиз Мерко
ДПА од Струга сеуште неможат да детектираат во какво својство се јавува советникот Арменд Кадриовски кој насекаде го прати градоначалникот.
ДПА прес
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, тешко се откажува од своите намери. Добро ни се познати сите негови делувања и чекори, и кој е неговиот начин за да ги спроведе поранешните одлуки. Овој пат тоа го направи преку неговите потчинети директори, измислувајќи наводна реконструкција на градскиот зелен пазар. Ова се само дел од обвинувањата на струшкиот огранок на ДПА. Секретарот на партијата Џемал Арслани рече дека тие за оваа одлука своевремено реагирале, но ќе реагираат и денес.
„Одлуката на гласачката машинерија на ДУИ и НД од 29.06.2010 со која се предвидува и дозволува изградба на деловни објекти, денес веќе на самиот влез на пазарот ќе го стеснат просторот на продавачите на овошје и зеленчук. Според некои од трговците претходно изградените деловни простори сеуште ја немаат птребната инфраструктура како струја и др“, рече Арслани
И денес се служат со истите манипулации дека со продажбата на тие деловни простории ќе се решат финансиските проблеми на ЈП „Комунално“, рече Арслани. Тој додаде дека оправдувањата од ваков карактер не држат место бидејќи сеуште не им се исплатени личните примања на работниците на ова ЈП. Арслани праша на чии грб насекаде по светот се рашетува Арменд Кадриовски, заедно со градоначалникот. Тој истакна, „По се изгледа дека сето тоа воопшто не го загрижува и вознемирува градоначалникот на Струга г. Рамиз Мерко кој патува по светот, патем деновиве се наоѓа во Сараево, БиХ каде го придружува неговиот советник АРМЕНД КАДРИОВСКИ“.
Арслани рече дека од хаосот кој ќе се створи со изградбата на новите деловни простори на влезот на пазарот, најмногу ќе се офајди Бизнис кланот на г –дин Рамиз Мерко, притоа без да се грижи за 30 те трговци, на кои им го зема лебот од уста, иако некои од нив тука работеле повеќе од 30 години.
{loadposition content9}