Skip to main content

Српската заедница го слави Свети Сава

Српската заедница во Македонија денес го слави Свети Сава. Тој е најголемиот српски просветител и прв архиепископ на автокефалната српска црква. Овој празник е еден од најголемите во Српскиот православен календар. По тој повод, овој ден е прогласен за неработен ден за сите припадници на српската заедница.

 |  Мишел Наумоски  | 
zname
знаме
zdruzenie KoshtanaСрпската заедница го слави Свети Сава, еден од најголемите празници во Српскиот православен календар. По тој повод денеска во ресторанот „Белведере“ се одржа свечен ручек на кој присуствуваа членови на српско – македонското друштво „Коштана“ и припадници на српската заедница во Охрид.
По повод днешниот празник пред присутните беше презентирана пригодна програма, се читаа песни за Свети Сава, а обраќање имаа и членови на друштвото „Коштана“.
На денешната свеченост беше запазена и традицијата, како што се палење на свеќите, но и сечење на традиционалниот светосавски колач.
Свети Сава е еден од најзначајните празници во Српскиот православен календар. Тој се изборил за независноста и автокефалноста на Српската црква и заедно со неговиот татко Стефан го подигнале единствениот српски манастир на Света Гора, Хиландар. Овој пандан на нашиот Свети Климент целиот свој живот ја ширел српската писменост, градел цркви и училишта.
Празникот Свети Сава е прогласен за неработен ден за Србите во Македонија.Припадниците на српската заедница во Македонија и сите православни Срби празникот го поминуваат во домашна атмосфера. Приготвуваат пригодни ручеци, а некои Денот на Свети Сава го слават и како куќна слава.
{loadposition content9}