Изложба на икони од македонски цркви во Холандија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во музејот “Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, ќе ја отвори големата изложба “Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство.
| Маја Савиќ | Македонија
govrlevo
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре во музејот “Катаријнеконвент“ во Утрехт, Холандија, ќе ја отвори големата изложба “Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која ќе биде претставен дел од македонското културно наследство.
На изложбата, која претставува најголемо презентирање на богатото македонско културно наследство надвор од Македонија, ќе бидат претставени експонати од најзначајните збирки на икони од Македонија, од Музеј на Македонија и Завод за заштита на спомениците на културата. Исто така, изложбата ќе биде збогатена со археолошки артефакти од праисторијата и од античкиот период, како и со други исклучително значајни предмети од збирките на нашите музеи.
Меѓу артефактите се и култните жртвеници со претстава на Големата Мајка – Земја, извонредната фигурина Адам од Говрлево, исклучителните наоди од локалитетот Плаошник пронајдени во текот на неодамнешните археолошки истражувања, како и Златната маска пронајдена на Самуиловата тврдина во Охрид, можеби најзначајниот археолошки наод од поновата историја на нашата земја. Истакнуваме дека дел од овие наоди за првпат се изнесуваат и изложуваат надвор од републиката.
Министерството за култура со особено задоволство ја прифати иницијативата за организирање на оваа голема изложба не само поради фактот што мал, но извонредно значаен сегмент од македонската историја ќе биде презентиран пред холандската јавност, туку и поради продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Холандија.
Во рамките на отворањето на изложбата свој настап ќе имаат и “Синтезис“ и Влатко Стефановски.
{loadposition content9}