„Евро купот“, цел на македонските едриличари
И покрај постојаните финансиски проблеми со кои се среќаваа, 2010-та година од клубот ја оценуваат како успешна.
едрилици
Турбулентна, но успешна година е зад нас. Многу учества на голем број меѓународни регати, како дома така и во странство, учество на Младинското светско првенство, учество на Европско првенство, една Балканијада, како и настапи на голем број државни првенства и промотивни регати, ја одбележаа минатата година. Оваа година пред нас и пред останатите македонски едриличари како предизвик стои учеството на петнаесет меѓународни регати, велат од Е.К. „Снегар“ од Струга. Целта на клубот е учеството на три облигаторни регати во класата „Ласер 4,7“ што на македонските едриличари ќе им овозможи да се најдат на мапата на Евро купот, преку кој пак може да се добијат поени за пласман во светскиот ранг во оваа класа, вели Фарук Љушо од Е.К. Снегар.
Љушо истакна дека доколку успеат и учествуваат на овие три облигаторни регати, остануваат настапите во класата „Оптимист“ на меѓународните регати во регионов, како во Бугарија, Турција, можеби Србија, потоа регатите во Хрватска, како онаа во Пула потоа на Хвар и Дубровничката реагата, што секако за клубот е голем предизвик, посебно финансиски. Некои ќе речат дека спортот е во криза, но ние сме во криза од како знаеме за себе, но со добра логистичка подршка и неколкумината ентузијасти коис екогаш се тука да ни помогнат, ќе успееме, уверен е Љушо. Секако огромната помош од родителите кои се наши најголеми спонзори, не смеам да ја заборавам, доадава тој. И покрај тоа што временските услови сеуште не дозволуваат да влезат во вода, тренинзите континуирано се одвиваат.
Клубот „Снегар“ располага со едрилици од класите `Optimist`, `Laser-(Standard/ Radial/4.7)`, `Finn` `420`, `470`и `windsurf`. Одредени челенови од клубот формираа моделарскиот тим кои всушност преставуваат и првите бродоградители во Македонија од античко време.Секоја година се изработува календар на регати од кои дел се професионални на ниво на држава. Ние одиме напред, велат од клубот финансиски проблеми или не, немаме време за застанување.

{loadposition content9}