Завршена реконструкцијата на Дрвениот мост – Струга
АД „Електрани на Македонија“ во соработка со својата струшка подружница ХЕ „Глобочица“, ја завршија реконструкцијата на дрвениот регулациски објект лоциран на истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим. Со реализацијата на оваа инвестицијата вредна околу 2, 7 милиони денари беше извршена замена на дрвените носивни елементи на објектот кои се заменети со армиран бетон со што значително се зајакна стабилноста, а истовремено е задржан автентичен изглед на објектотот што изминатите пет децении беше користен како пешачки мост за минувачите.
Стручните лица велат дека објаснуваат дека од технички аспект, со армирано бетонските платна кои се изведени со хидраулички профил, намален е отпорот што овозможува поголем истек на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим доколку тоа е потребно. Од аспект на стабилноста, пак, објектот за регулација е сигурен и овозможува безбедно преминување на намерниците од едната на другата страна на реката Црн Дрим, кое како место на истек на реката од Охридското езеро претставува своевидна туристичка атракција на Струга.
Дрвениот регулационен објект на истекот на река Црн Дрим од Охридското Езеро е изграден во периодот од 1960 год. до 1962 год, во состав на целината на хидротехнички објекти за регулацијата на река Црн Дрим. Неговата задача и намена била од времен карактер, но поради нерешени прaшања, истиот останал да ја врши неговата функција до денес. Со оглед на тоа што објектот е изграден од дрвен материјал, поради осцилации на нивото на водата , со текот на времето е изложен на оштетување и гниеење, пред се дрвените колови како носечки елементи на објектот, при што истиот неколку пати е саниран. Последната реконструкција на регулацискиот објект во Струга е изведена во 1997 година.
{loadposition content9}