Мирен протест на ученици од Подгорци
Нивните барања се легализација на наставата по Албански јазик, во ОУ Гоце Делчев.
протест
Протест на учениците од Подгорци. Тие денес пред Основниот суд во Струга се собраа за да ги подржат своите родители. Како ште е познато Државниот просветен инспкторат против 11 родители поднел прекршочна изјава за непочитување на одлуката на Министерството за образование, со која се оспорува правото за учење на албански јазик, која пак одлука Советот на општина Струга ја усвои. Денешниот претрес за овој случај се одложи. Бранителот на родителите на децата Аргент Демири, појасни дека тоа е поради многуте нејаснотии во прекршочната пријава на просветниот инспекторат и недоволно докази истата да се поткрепи.
Во името на сите родители се обрати Фадил Реџоски. Тој на Министерот за образование Никола Тодоров му испрати апел, да ги почитува одлуките на родителите за изучување на албанскиот јазик бидејќи во Подгорци и во 1942 година имало албанско училиште.
Мирниот протест на учениците за легализација на албанскиот јазик во ОУ „Гоце Делчев“ од струшкото село Подгорци, го подржаа и претставниците на политичките опции ДПА и Нова Демократија. Претседателот на ДПА Зијадин Села, го предупреди Министерот Тодоров дека не му останува ништо друго освен да овозможи услови за настава, на јазикот, за кој се определиле родителите на децата. И Абдула Ќазимоски од Нова Демократија со слични предупрдувања. Министерот да престане со притисокот и да не се тужат родителите туку Советот на општина Струга бидејќи тој ја донел одлуката.
Протестот го подржа и советникот за образование Џеми Хајредини и претседателот на Советот на општина Струга Џеваир Бекири. Хајредини рече дека треба да се подржат децата, а случајот да не се политизира.
Не се очекува ескалација на протестот и заземање на поголем замав, бидејќи Хајредини рече оти има најава за наредната недела, групата родители да остварат средба со Министерот Тодоров и со вице премиерот Абдулаќим Адеми со цел да го надминат проблемот.

{loadposition content9}