Skip to main content

Украдена статуата на кралот Тутанкамон

Најмалку 17 артефакти исчезнаа од Египетскиот Музеј во Каиро, за време на протестите кога музејот беше под силно обезбедување, изјави египетскиот министер за антиквитети.

 |  Маја Савиќ  | 
tut
Тутанкамон саркофаг
tutНајмалку 17 артефакти исчезнаа од Египетскиот Музеј во Каиро, за време на протестите кога музејот беше под силно обезбедување, изјави египетскиот министер за антиквитети.

Во исчезнатите објекти е и позлатената статуа на кралот Тутанкамон, како и варовничката статуа на Ехнатон, статуата на Неферити и многу други вредни историски артефакти.

Откритието дека античките богатства се исчезнати дојде откако музејот продолжи со работа по неколку неделната пауза.

Полицијата и војската планираат да извршат испрашување на луѓето кои веќе се во притвор.

Експертите велат дека кражбата на овие вредни историски предмети не е изненадувачка, со оглед на широко распространетата сиромаштија во земјата, која е дом на непроценливи богатства.

{loadposition content9}