Кобна Плејбој забава
Речиси осумдесет бизнисмени кои, по конференцијата во Санта Моника ја посетиле вилата на Хју Хефнер, заболени се од сеуште неидентификувана болест на респираторниот систем.
Токму затоа во моментов светски познатата Плејбој вила е под истрага. Иако дури сега е објавено во јавноста, овој случај се случил на 3 февруари.
Гостите во вилата биле бројни бизнисмени кои по само 24 часа започнале да се жалат на главоболка, грозница, респираторни проблеми, а некои од нив добиле и запаление на бели дробови, пренесуваат американските медиуми.
Министерството за здравство на САД ја пребарува вилата, а на сите кои присуствувале на забавата им е испратен меил да се пријават доколку имале здраствени проблеми по таа ноќ.
Хју Хефнер, основачот на Плејбој, сеуште не излезе со коментар за овој случај.
{loadposition content9}