Охридскиот варен ѓеврек конечно и во Скопје
Скопјани во овој охридски специјалитет ќе можат да уживаат во текот на цела година а не само налето кога доаѓаат во Охрид на одмор.
| | Охрид
Охридски геврек
„Жито леб„ АД Охрид по се изгледа ќе ги преземе активните продавници од Жито Лукс“ АД Скопје. За тоа ќе биде склучен и официјален договор за деловна соработка со преддоговор за купопродажба на недвижен имот и купопродажба на производи со фирмата. Преговорите денес добија на интезитет и се очекува да се склучи договорот. Од „Жито леб“ велат дека иако во некои медиуми беше објавено дека договорот е веќе склучен, на него сеуште официјално не е ставен потпис. Од ова Акционерско друштво деновиве за ТВМ ќе дадат подетални информации околу нивното евентуално влегување на скопскиот пазар. Во секој случај ваквите зделки се за поздравување и се од големо значење како за „Жито леб“ како фирма така и за целокупното охридско стопанство.{loadposition content9}