Внимавајте што постирате на Facebook
МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале. Администраторите на групите можно е и кривично да одговараат.
| Маја Савиќ | Македонија
фејсбук
МВР побара од Facebook да се избришат групите за црквата на Кале каде се споделува агресивна содржина, се шири говор на омраза и каде се повикува етничко чистење. Групите станаа место за препопукување и верска и етничка нетрпеливост по неодамнешниот инцидент на скопското Кале каде две етнички групи се степаа меѓу себе.
Единицата за борба на компјутерски криминал побара од Facebook отстранување на групите, но и IP адресите на администраторите и корисници кои постираат одвратна содржина. Знаејќи ја полисата на Facebook, се очекува страните да бидат тргнати.
Единицата за борба на компјутерски криминал побара од Facebook отстранување на групите, но и IP адресите на администраторите и корисници кои постираат одвратна содржина. Знаејќи ја полисата на Facebook, се очекува страните да бидат тргнати.
„Одделот за компјутерски криминал од своја страна ги сними и ги документираше сите членови на групите и поддржувачите, како и профилите на лицата кои прифатиле да учествуваат по поканите испратени за нови пресметки на Кале.“, се вели во соопштението.
Според извори од МВР, ова значи дека се собираат информации и се прави анализа која подоцна ќе биде претставена на јавното обвинителство за да се одредат понатамошни мерки. Можно е одговорност да се побара кај администраторите на групите и организаторите на настаните, бидејќи некои од нив и самите учествуваат со ширење говор на омраза и одвратна содржина на Facebook, а и имаат делумна одговорност за немодерирање на страните.
{loadposition content9}