Skip to main content

Бред и Анџелина имаат финансиски проблеми

Додека на обичните смртници им се чини дека Бред и Анџелина живеат живот од бајките, вистината е дека и тие имаат проблеми. Замислете, во последно време најголеми им се финансиските.

 |  Маја Савиќ  | 
brangelina
Брад и Ангелина

Бред Пит и Анџелина Џоли повторно доживуваат неволји во рајот. Овој пат главниот проблем се финансиите. Холивудскиот пар кој има 6 деца во последно време има финансиски проблеми – пишуваат американските медиуми.
brangelina
„Бред побарал од Анџелина да го намали бројот на вработените во куќата, но да ги намали и патувањата. Исто така рекол и дека треба да престане да троши толку пари на уметнички дела, скапи вина и ретки книги. Тој смета дека треба помалку да даваат во добротворни цели“ – изјавил за National Enquirer извор близок до парот.

Се проценува дека Бред и Анџелина вредат околу 250 милиони долари, но познатиот актерси пар во последно време повеќе троши отколку што заработува. Американските медиуми дури почнаа да пишуваат дека Бред ја отпуштил учетелката по француски којашто ги подучувала нивните деца и и` рекол дека повеќе неможат да си ги дозволат нејзините услуги.

{loadposition content9}