Skip to main content

Туристичките инспектори контра туристичките водичи

Туристичките инспектори реагираат на обвинувањата упатени на нивна адреса од страна на туристичките водичи од Охрид дека не си ја вршат работата при надзор на нелегалните водичи.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Охрид

OhridТуристичките инспектори реагираат на обвинувањата упатени на нивна адреса од страна на туристичките водичи од Охрид дека не си ја вршат работата при надзор на нелегалните водичи. Ваквите тврдења се неточни вели главниот општински инспектор Танас Танасоски. Во текот на летната сезона 2010 од туристичката инспекција биле изречени 9 манадатни казни во висина помеѓу 100 и 300 евра за српски и бугарски водичи. Во 2009 година таа бројка била за 6 опомени помала. Инспекторите направиле  и голем број записници соопмени за странски водичи кои нелегално воделе групи на разглед во Охрид.  Танасоски проблемот го лоцира на сосема друго место. „Голем број скопски туристички водичи доаѓаат со групи во разглед на градот за кој охридските сметаат дека се нелегални. Но,  при вршењето на контролите тие имаат уредни лиценци. Конкуренцијата помеѓу туристичките водичи е многу голема така од 20-тина сега бројката во Охрид е нарасната на 80.

Се очекува оваа бројка годинава да биде поголема.“

turistiОд општинскиот инспекторат не се согласуваат со туристичките водичи дека  туристичката полиција е најсоодветно решение за нелегалните  водичи. Танасоски смета дека напротив туристичките инспектори треба да добијат поголеми надлежности при инспекцискиот надзор за решавање на овие проблеми. Тоа значи поголеми овластувања при изрекување санкции и глоби.

Решенито на проблемот со нелегалните туристички водичи за Танасоски е во формирањето на Второ степена Комисија при Локалната самоуправа. Проблемот е на локално ниво, а според Танасоски  комисијата која постои при Министерството за економија не е доволно заинтересирана за решавање на проблемите. Досега се случувало нивни  барања за покренување на прекршочни постапки Комисијата да нема интерес да ги реши.

{loadposition content9}