Skip to main content

Отпад улица

Во најмала рака така може да се нарече  состојбата на улицата во близина на старата автобуска станица во Струга. Надлежните очигледно замижуваат пред ваквите диви депонии, иако се свесни дека ги има, бидејќи се повеќе од очигледни.

 |  Билјана Николоска  | 
gjubre
ѓубре

gjubreАчик планина од ѓубре. Во непосредна близина на старата автобуска станица наѕира депонија од комунален смет. Стари и искршени коли, пластични шишиња, алишта и секаков вид на комунален отпад се забележува на оваа црна точка. Жителите на овој дел од градот во неколку наврати имаат реагирано до нашата ТВ куќа за негрижата на локалното ЈП „Комунално“, од Струга, да ја извршува својата обврска, и да ја исчисти оваа дива депонија. Впрочем, зошто плаќаме сметки  за подигање на комунален смет, кога сме оставени на добрата волја на ова претпријатие, реагираат граѓаните. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера бидејќи според нив оваа слика кажувала повеќе од се. Некои од нив коментираа дека ова место се чисти само одвреме навреме, но потоа, несовесните граѓани повторно го претвараат во ѓубриште. ТВМ во неколку наврати, на реакција на засегнати жители од овој дел на Струга, има пишувано и укажувано на надлежните служби, да си ја вршат својата работа, односно, да не се прават вакви  пропусти и селективно да делуваат. Одговорите на Директорот на Јавното претпријатие, Петко Кутаноски, најчесто се во насока на правдање, односно, дека е запознат со проблемот на пренатрупаниот смет. Оттука, неразбирлив е неговиот индолентен однос кон ваквата грда слика. Ако пак се погледне од призмата на туристичкиот аспект, не би можело да се каже дека оваа слика може да привличе  гости. Неможе да се занемари фактот дека Струга се покажа како интересна дестинација за бројните туристи посебно од регионот, а со ова и залагањата  што се прават на полето на туризмот лесно можат да паднат во вода.

{loadposition content9}