Формата на лицето ја диктира фризурата
Кога бирате фризура имајте на ум дека нема да погрешите ако се одлучите за варијанта која е во склад со вашето лице. Еве што препорачуваат стручњаците.
Кога бирате фризура имајте на ум дека нема да погрешите ако се одлучите за варијанта која е во склад со вашето лице. Еве што препорачуваат стручњаците.
ОВАЛНО ЛИЦЕ
На жените со ваква форма на лицето им стојат сите фризури па можат да ги следат модните трендови без ограничувања. Им прилега и долга и кратка коса. Пример за овално лице: Џесика Алба.
ИЗДОЛЖЕНО ЛИЦЕ
Ако имате тесно и долго лице не ја пеглајте косата и ни случајно не правете патец на средина бидејќи лицето ќе ви делува уште поиспиено и подолго. Вам ви прилега степенасто ишишана коса а најдобра е средна должина. Патецот на страна. Пример за издолжено лице е Џени Мекарти.
СРЦЕСТО ЛИЦЕ
За триаголно или срцесто лице најдобар избор е степенаста фризура со шишки. Убаво стои и долга коса со локни. Не ја врзувајте косата во коњско опавче и не ја собирајте во висока пунџа. Пример за срцесто лице е Рис Витерспун.
ШИРОКО ЛИЦЕ
Најдобра фризура за вакво лице е долга права или благо извиткана коса со патец на средина бидејќи визуелно го издолжува лицето. Не се препорачува боб фризура.
Пример за широко лице е Кетрин Зета Џонс.
{loadposition content9}