Skip to main content

Почнува велигденскиот пост

Најголемиот и најдолг пост во православната вера, големиот Велигденски или Чесен пост, почнува денеска и ќе трае до 24 април, кога се прославува најголемиот христијански празник Велигден.

 |  Маја Савиќ  | 
posno
посно

Најголемиот и најдолг пост во православната вера, големиот Велигденски или Чесен пост, почнува денеска и ќе трае до 24 април, кога се прославува најголемиот христијански празник Велигден.

posnoСпоред православните христијански канони, постот подразбира воздржување, молитва, покајување и како круна на се – света причест.

Првата недела од Чесниот пост, кој трае 49 дена или седум недели се нарекува „Чиста“, а последната е „Недела на православието“.

Големиот Велигденски пост не значи само одрекување од храна, туку според православното учење, тоа е и израз на слободната волја, етичкиот став и израз на вистинската љубов кон Бога.

Постот не е гладување, ниту запоставување на трпезата, туку обврска која ја налагаат православните канони – да се направи избор на посна храна, без месо.

За строгиот пост храната се подготвува само на вода, без масти и масло и тој се припишува на „Чистата недела“ – првата недела на Чесниот пост.

Православните учители велат дека Големиот пост, не учи на покајување, простување и вистинска молитва, да можеме во тишина да го дочекаме најголемиот христијански празник, бидејќи верата во Воскреснувањето е основа за христијанството.

{loadposition content9}