Проаква- неплаќачите ги исклучи од водоводната мрежа
Акцијата започна од Евро хотел-правен субјект кој има заостанат долг од 7 милиони денари. Ќе се исклучуваат и физичките лица-неплаќачи.
Големата акција за исклучување започна денес, а најавено е да трае во текот на неделава. На удар се правните субјекти. Р.Е „Колектор“ исклучувањето го започна од Хотелот „Евро“.
Конкретно, овој хотел има заостанат долг од 7 милиони денари, тврди заменик директорот на Р.Е Колектор. Овој правен субјект ги нема подмирено долговите кон претпријатието години наназад а факт е дека истиот секоја сезона работи со полн капацитет.
„Со тој потег, тие покажуваат дека према нас како претпријатие немаат коректен однос и воопшто не не почитуваат. Ги предупредивме пред исклучување и тоа неколку пати“- вели Ваит Ајро, заменик директор на МЈП “Проаква, Р.Е Колектор.
Исклучени од водоводната мрежа ќе бидат и фабриките „Кимико“ како и „Единство“ и уште 10 сетина други правни субјекти.
Вкупно правните субјекти должат околу 30 милиони денари. Од нив, 18 милиони денари со тужбена постпка а 12 милиони со тековна. За наплаќање на долгот, ќе отвори постапка и кај физичките лица. Од нив, „Проаква“ треба да наплати 60 милиони денари. Акција за исклучување ќе има и за физичките лица.
Ајро смета дека ова е единствен начин за да се реши проблемот. Само вака може да ги наплатиме заостанатите долгови, вели заменик директор на МЈП “Проаква Р.Е Колектор.
Инаку, ЕВН од вчера им ја исклучи електричната енергија на дел од „Проаква“ и пунктната станица „Шум“. Од таму тврдат дека ЕВН со овој потег го прекршува решението на Основниот суд од Струга од каде е донесена времена мерка за неисклучување на електричната енергија во пунктната станица „Шум“.